73 дена граѓаните покажаат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Никакви заплашувања, закани, навреди и било какви обиди за деморализирање нема да ги спречат граѓаните да излезат на улиците и да го изразат револтот.
Вечерва во 19 часот пред споменикот “Прилепски бранители” кај хотел “Липа” прилепчани сплотени, мотивирани ќе излезат на улица и ќе им покажат на провокаторите дека нема да им помине она што го намислиле.