70 години од постоењето на Народна техника – Прилеп

_mg_9347

Вчера вечер во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ беа одбележани 70 годишното постоење од Народна техника – Прилеп. Оваа организација постои цели 7 децении има остварено голем број на значајни придобивки за градот. „Задоволството е големо после поканата на претседателот и членовите на Народна техника оваа година да бидам покровител на овој голем јубилеј за оваа многу важна организација која опстојува во нашиот град. Со задоволство ја прифативме поканата, им посакувам здравје, среќа, успех и понатаму во нивното работење. Народна техника е од голема важност за општествениот живот во нашиот град“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.

_mg_9250

_mg_9260

_mg_9267

_mg_9316

_mg_9330

Прославата се состоеше од неколку настани.

„Прославата се состои од 3 дела. Има изложби на фотографии од минатото, изложба на експонати од самите клубови кои се членки на Народна техника и секако овде се изложени одредени признанија, дипломи и награди освоени во минатото. Народна техника има освоено голем број 1-ви, 2-ри и 3-ти места на светско ниво во повеќе области посочи Пецо Танески, претседател на Народна техника – Прилеп.

_mg_9373

_mg_9404

_mg_9411

_mg_9417

_mg_9419

Народна техника – Прилеп  ветува дека ќе продолжи напорно да работи и во иднина.

_mg_9357




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.