На 28.02.2016 во Кавадарци, во спортската сала „Јасмин“, во организација на Џудо Федерација на Македонија и Џудо Клуб „Кожувчанка“- Кавадарци, се одржа Државно првенство во џудо за сениори во машка и женска конкуренција. На ова Првенство настапија вкупно 8 клубови со околу 60 натпреварувачи. Џудо Клубот Сеишин – Прилеп зеде учество со 9 натпреварувачи (8 во машка и 1 во женска конкуренција), а освоени се 7 медали (3 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал).
Поединечно резултати:
Сениори:
- Мартин Тодорчески кат. – 60 кг. 1-во место
- Даниел Велески кат. -60 кг. 2-ро место
- Диме Ивчески кат. – 66 кг. 2-ро место
- Христијан Ѓураков кат. – 73 кг 2-ро место
- Владимир Талески кат. – 81 кг. 1-во место
- Јове Божиноски кат. +100 кг. 1-во место
Сениорки:
Александра Најдоска кат. +78 кг. 3-то место
На ова Првенство клубот СЕИШИН беше најефикасен во машка конкуренција со освоени 3 златни медали, од 7 тежински категории.
Џудо Клубот Сеишин продолжува со подготовки , веќе за следното Државно Првенсто за пионери и јуниори кое треба да се одржи во Битола на 20.03.2016.