Битолски пензионер е повикан од полицијата, откако било утврдено дека тој со чкртање ја оштетил таблата на влезот во Бугарскиот конзулат во градот, соопшти полицијата.
На 28.06.2023 во СВР Битола по добиена пријава дека со чкртање е оштетена таблата со натпис поставена на влез на конзулат во Битола, од страна на полициски службеници од полициската станица при СВР Битола преземени се мерки и извршени се оперативни проверки, по што на службен разговор е повикан Љ.В.(68) од Битола.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.