66-годишен прилепчанец со “тојота” удрил во пешак

-На 03.10.2024 во 13.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко моторно возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(66) од Прилеп, удрило во пешакот П.Н.(50) од Прилеп.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.