Павел Виктор (64), професор по физика од Одеса, по некоја случајност стана интернет ѕвезда, снимајќи ги и постирајќи ги на Јутуб канали своите часови и експерименти од областа на физиката за учениците кои не биле на училиште.
“Децата се разболуваат, зима е …па ме прашаа, дали можеме да ги следиме вашите предавања по пат на Скајп? Одговорив дека можат, бидејќи не можат да ги пропуштат часовите по физика на месец дена и само така да го надохнадат пропуштеното. Затоа морав да ги снимам најтешките лекции во празна училница”, појаснува професорот.
Училиштето на Виктор му купило опрема за во живо да ги пренесува лекциите, пренесува “radiosarajevo.bg”.
Неговата популарност започна да расте, а неговите видеа имаат околу 8 милиони прегледи.
Погледнете го видеото: