Денес се одржа 63. седница на Советот на Општина Прилеп, на која советниците дискутираа и одлучуваа по повеќе значајни точки од дневниот ред.
Подолга дискусија се разви по првите три точки кои со мнозинство гласови беа усвоени:
-Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, (ребаланс)
-Предлог-план за измена и дополнување на Планот за развојни програми на Општина Прилеп за периодот 2025–2027 година,
-Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за субвенционирање на Јавното комунално претпријатие за 2025 година.
Советот ја прифати предложената локација за одржување на манифестацијата Пиво фестивал 2025, како и предлогот за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржувањето на фестивалот.
Во рамките на седницата беше формирана стручна комисија за проценка на штети во населените места: с. Кадино Село, с. Мало Коњари, с. Големо Коњари, с. Галичани и с. Алинци. Исто така, беа именувани членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Со мнозинство гласови беа усвоени и:
-Годишниот план за вработување во 2025 година на ЕЛС Општина Прилеп,
-Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување за 2025 година на ЈК за ПУП – Прилеп,
-Годишниот план за вработување во 2026 година на ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Канатларци,
-Годишниот план за вработување во 2026 година на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.
Советот ја прифати Одлуката за утврдување на реоните за опфаќање на учениците во основните училишта на територијата на Општина Прилеп, како и Статутарната одлука на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.
На крајот од седницата, беа разгледани и усвоени следните точки:
Предлог-одлука за донесување урбанистички план со намена за лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија,
Предлог-оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба за сезоната 2025/2026,
Одлука за измена на Одлуката за определување на јавни паркиралишта со наплата,
Иницијатива за имплементација на обука за самозаштита во годишните програми за работа на образовните институции на територијата на Општина Прилеп.