Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, и тоа: Скопје 7 – Прилеп 1
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Koвид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на KOBИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.
Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 1817, бројката на оздpaвени пациенти е 1301, a починaa 104. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.
Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, а од заразната болест оздравело едно лице.
На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица. Од нив, 16 се позитивни на коронавирус, а во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, сите негативни на Ковид-19. Во самоизолација се 158 лица.
Во деновите од викендот се забележани 3 нарушувања на полицискиот час.