Прилепчани веќе неколку месеци добиваат нови повисоки сметки за вода, на кои е содржана ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17,35 денари за секој метар кубен потрошена вода.
Oва зголемување на сметките се должи на одлуката на Советот на Општина Прилеп, која беше донесена на 20-тата седница одржана на 13.11.2018 година.
Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.
Ова е спротивно на предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%.
Гледано во бројки ова претстваува поскапување на сметките за околу 60%, што е огромен товар за прилепчани, особено за оние семејства со средни примања во месецот, но и за пензионерите, социјалните семејства, како и голем број од ромската популациј.
Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.
Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.
Капак на се беше и мизерното покачување за 36 денари на минималната и 63 денари за просечната пензија, што дополнително ги налути над 12.000 пензионери во градот.