Вечерва, 4 јули 2024 г. во 19.30 ч. во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба од нашиот сограѓанин Никола Димески.
Ова е прва самостојна изложба на Димески, а се претставува со десетина скулптури во дрво и 30. графики.
Со изложбата Димески одбележува 53 години сопствено ликовно творештво како уметник аматер, кое досега го презентирал само на групни изложби.
Напоредно години наназад се занимавал и со цртање карикатури.