Пензионер од Каварадци, со среќните броевите на сопругата, на семејството му донесе близу 500 000 евра.
“Денес во просториите на Државна лотарија се запознавме со дел од семејството на нашиот прв добитник на примија од играта Лото 7. Почитувајќи ја неговата желба за анонимност, ја споделуваме среќната приказна која го довела до најголемата премија во историјата на Државна лотарија.
Нашиот среќен добитник е пензионер од Кавадарци. Тој е редовен лото играч и негов омилен ден за уплата е понеделник, за добар почеток на неделата. Живее во центарот на Кавадарци и уплаќа во продажнотое место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари за пет комбинации, ја извршил на 6ти мај, во понеделник. Во комбинациите со броеви, редовно уплаќа по една комбинација со среќни броеви на неговата сопруга. Од 5те уплатени комбинации, третата комбинација е комбинација со броевите на неговата сопруга и токму таа е добитната комбинација на броеви, извлечени во 5тото коло на играта Лото7. Броевите на сопругата: 9, 11, 13, 21, 23, 25 и 32 му донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари. Нашиот среќен добитник ни ја соопшти одлуката дека средствата ќе бидат да бидат распеределени на нивните деца.
Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. Ова е прва 7ка во Кавадарци. На мапата на среќни градови каде се постигнати 7ки до сега ги имавме Битола, Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Куманово и Скопје. Ова е прв пат Кавадарци да застане под среќна ѕвезда.
Фондот за 7ка изнесува 7.000.000 денари, колку што изнесува премијата што ја гарантира Државна лотарија. Играта Лото7 веќе докажа дека е навистина поинтересна, позабавна и нуди поголеми добивки”, информираат од Државна Лотарија.