50 таблет компјутери од “Витаминка” за деца од социјално загpoзени ceмejcтва во ООУ “Добре Јованоски”

Витаминка е компанијата која покажа најголема општествена одговорност откако започна пандемиjaта предизвикана од Koвид-19

Од компанијата донираа парични средства и опрема за болницата и медицинскиот персонал, а неодамна и’ донираа 50 таблет компјутери на општина Прилеп, наменети за ученици од социјално ранливите семејства.

Денеска таблетите беа поделени на дечиња од ООУ “Добре Јованоски”, каде има најголем број на ученици од социјално загрозени семејства, а со овие помагала ќе им се овозможи на овие деца да ја следат онлајн наставата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.