Група Балканци за Ѓурѓовден го кренаа Берлин на нозе кога распалија скара во парк во центарот на градот и ставија јагниња на ражен.
Организаторите на овој “настан” ќе треба да платат казна од 5.000 евра.
Меѓутоа, не е проблемот само во 12-те јагниња кои беа ставени на ражен во германскиот парк, бидејќи германските прописи дозволуваат да се пече цело прасе или јагне.
Проблемот е во тоа што организаторите на овој “настан” ги распалиле скарите на места кои не се предвидени за тоа, па го загрозиле тревникот. Скарата мора да биде оддалечена 2 метри од дравата, а кој не се придржува на тоа, ќе добие казна.