5 медали за ЏК Сеишин на Државното првенство во Самбо

Sambo Grupna

НА 10.04.2016 во Скопје, во организација на Самбо Федерацијата на Македонија, се одржа Државно Првенство во Самбо-спортско и комбат за Сениори-ки. На ова Државно Првенство настапија вкупно 104 натпреварувачи од 7 клубови од Р. Македонија. 
Од џудо Клубот СЕИШИН -Прилеп настапија 5 натпреварувачи, а освоени се 5 медали (2 златни и 3 бронзени).
Поединечно резултати:
1. Христијан Ѓураков кат. -74 кг. 1-во место
2. Диме Ивчески кат. -68 кг. 1-во место
3. Леонардо Насески кат. -62 кг. 3-то место
4. Мартин Тодорчески кат. -62 кг. 3-то место
5. Владимир Талески кат. -82 кг. 3-то место
Дел од овие натправрувачи имаат претходно искуство во оваа сродна вештина со џудото, а дел дебитираа.
Екипата ја предводеше Менде Илиоски, помошник тренер во ЏК СЕИШИН – Прилеп и Тренер на Секцијата по Самбо која функционира во склоп на клубот.
Sambo Vladimir T.
Sambo Dime I.
Sambo Gurakov Sambo Leonardo i Martin




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.