5 медали за прилепските џудисти од “Сеишин” на Меѓународниот турнир во Пирот, Србија (ФОТО)

На 24.01.2026 година, во Пирот, Република Србија, се одржа 3. Меѓународен џудо турнир „Победникот на Пирот – 2026″, во организација на Џудо клуб Ипон – Пирот.

На турнирот настапија околу 420 натпреварувачи од 44 клуба од 5 држави, што го прави настанот еден од позначајните во регионот.

ЏК Сеишин настапи со 7 натпреварувачи и оствари одличен резултат, освојувајќи вкупно 5 медали:

-1 златен
-2 сребрени
-2 бронзени

Поединечни резултати:

Јована Цветкоска – 🥇 1 место
Иван Јошески – 🥈 2 место
Христијан Бунески – 🥈 2 место
Ангел Стојовски – 🥉 3 место
Дино Кулевски – 🥉 3 место

Одлични борби и голема борбеност прикажаа и Марко Марковски (5 место) и Арсениј Димески, кои за малку не успеаја да се закитат со медал.

Ова беше втор настап на ЏК Сеишин во новата натпреварувачка сезона, а воедно и први освоени медали за 2026 година, што претставува одличен старт и силна мотивација за понатаму.

Екипата беше предводена од тренерите Мартин Ристески и Сашо Димовски.

Честитки до сите натпреварувачи и стручниот тим за прикажаната борбеност и успех!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.