Заобиколете ги класичните морски дестинации и оваа година посетете мета кои се толку магични што ќе мислите дека сте отишле на некоја друга планета.
Колку е светот магичен гледаме дури кога ќе запознаеме некои нови места кои со својата природа или архитектура не оставаат без здив. Токму следните дестигнации се доказ дека рајот постои и на Земјата.
ДОЛОМИТИ, ИТАЛИЈА
Планините Доломити со својот специфичен изглед и неверојатна боја, која се променува и повеќе пати во текот на еден ден, се место каде природата го показала целиот свој раскош и креативност. Многумина овие планини ги сметаат за најубави на светот.
БЕГАН, МЈАНМАР
Некогашниот главен град на древното кралство, Баган, е една од главните атракции во Мјанмар. Доколку некогаш го посетите ова место најдобро ќе го доживеете со изнајмување на балон.
Кападокија, Турција
Областа Кападокија, претставува вистинско чудо на природата. Оваа чудесна покраина со неверојатна убавина, шарени балони, камени печки и подземни градови, претставува вистински спој на природата и историјата.
Никко, Јапонија
Во планините северно од Токио, сокриен помеѓу шумите, ќе го пронајдете Никко. Распространет помеѓу шумите, комплексот на светилишта е една од главните атракции во Јапонија, а преку него се гледа моќтта и богатството на династијата Едо.
Делтата Окванго, Боцвана
Без сомнеж, Делтата Окванго во Боцвана е една од најинтересните места во Африка на која многу туристи доаѓаат за да ги гледаат дивите животни во нивното природно опкружување. Овде можете да доживеете рикање на лавови, слонови кои се разладуваат во реката, чопор хиени или ако сте трпеливи ќе видите и желки кои одмараат. На бреговите има голем број сафари кампови, а со оглед на тоа дека туризмот е главен извор на приход во Боцвана, можете да очекувате и љубезен дочек од локалното население.