5-годишно девојче за малку ќе завршеше под воз, ја спаси херој во последна секунда (ВИДЕО)

На железничката станица во Мумбаи во Индија за малку била избегната трагедија. 5-годишно девојче ја пуштила раката на својата мајка додека жената со детето влегувала во возот, и тоа баш во моментот кога возот тргнувал од станицата.

Девојчето тогаш паднало, а малку недостасувало да се случи најстрашното. За среќа во последен момент девојчето е спасено, а човекот кој ја спаси реагирал навистина брзо.

Девојчето со родителите се враќало дома во Биванди после посетата на храмот Хаџи Али. Нејзиниот татко, Мохамед, рекол дека неговата сопруга до сега не била во Мумбаи и дека не знаела колку се брзи возовите во тој град.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.