Веќе 45 дена врие по улиците на Прилеп. Старо, младо, се’ е кренато на нозе и маршира под црвено-жолтиот превез на македонското сонце.
Прилепчани не престануваат да излегуваат и да се спротивставуваат на платформата од туѓа држава, која ќе значи рушење на националните интереси и продажба на државните симболи.
И вечерва ечеше и грмеше под Маркови Кули. Македонците цврсто газеа по земјата и извикуваа во име на татковината. Прилепчани најжестоко го осудуваат предавничкиот чин на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој преку прифаќањето на платформата од Тирана сака да дојде на власт.
Прилепчани вечерва ги предводеа актерите кои застанаа заедно со своите сограѓани и ја поддржаа иницијативата “За заедничка Македонија”.
Пред своите сограѓани вечерва се обрати актерот Игор Трпчески, кој со својот говор предизвика морници кај илјадниците граѓани.
A.Г.