Резултатите од вториот изборен круг покажуваат дека дури 40 општини и градот Скопје ќе го предводат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија победи во: Могила, Битола, Прилеп, Новаци, Ресен, Демир Хисар, Охрид, Василево, Брвеница, Виница, Босилово, Гевгелија, Зелениково, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Радовиш, Штип, Градско, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Карбинци, Ранковце, Чешиново Облешево, Вевчани, Кочани, Пехчево, Јегуновце, Скопје, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Конче, Сопиште, Петровец, Илинден.
Покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалициониот партнер ГРОМ и нивниот кандидат Стевчо Јакимовски победија и во општина Карпош.
Се уште владеачката СДСМ пак победи во 9 општини во првиот круг и уште во 7 во вториот круг, или вкупно СДСМ и коалицијата освоија 16 градоначалнички места.
Вечерва СДСМ прогласи победа во: Чашка, Росоман, Пробиштип, Центар, Чучер Сандево, Старо Нагоричане и Демир Капија, а во првиот изборен круг победија во Валандово, Берово, Струмица, Делчево, Крива Паланка, Крушево, Кривогаштани, Дојран и Богданци.