Најмалку 400 автобуси полни со протестанти од цела Грција се очекува да пристигнат во Солун денеска. Големиот протест кој во 2 часот по локално време ќе се одржи во центарот на Солун е со намена за испраќање на порака до Македонија да престане да го користи своето име, пренесува грчкиот портал “Репортер”.
“Релативно новата држава која беше формирана после распадот на Југославија се нарече самата “Република Македонија”, и тврди дека е пандан на Античкото македонско кралство, кое постоело во Грција”, се вели во написот на порталот.
Грчкиот портал додава дека 70% од Грците според последните анкети се против употреба на името Македонија во било кое решение за името со Скопје.