400 пензионери од цела Македонија се влечеа со јаже, играа кошарка, фудбал, шах, пикадо… (ФОТО)

На спортските терени во Општина Илинден се одржаа 28. Регионални спортски игри на пензионерите од првиот регион, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. На овие спортски регионални натпревари учествуваа девет здруженија на пензионери или околу 400 учесници, кои се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини.

На свеченоста по повод отворањето на игрите присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Сојузот на пензионерите, Станка Трајкова како и претседателот на здружението на пензионери, Васе Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека со одржувањето на овие спортски игри, на дело се покажува убав пример за здрави навики во секојдневното живеење на повозрасните граѓани, затоа локалната самоуправа секогаш во рамки на своите можности ќе дава поддршка за ваквите манифестации. Регионалните спортски игри се пример дека спортот, желбата и натпреварувачкиот дух се движечка сила особено кога станува збор за луѓето од третата доба. Со поддршката и реализацијата на ваквите активности овозможуваме и создаваме услови за подобар квалитете на животот на нашите пензионери.

Спортските игри се одржаа на неколку локации, во зависност од дисциплината, а пензионерите се натпреваруваа во тегнење јаже, атлетика, кошарка, пикадо, шах и во уште неколку дисциплини во кои си ги одмерија силите.

Најдобрите од Спортските игри ќе учествуваат на Републичките спортски игри, кои ќе се одржат во наредниот период.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.