Според СВР Битола во моментов 40 лица во градот Прилеп се наоѓаат во домашна изолација и под полициски надзор. Овие граѓани претходно биле во странство и според препораките веднаш по влезот во Македонија се ставени во домашна изолација во траење од 14 дена.
Полицијата ги посетува од време на време нивните домови и проверува дали тие ја почитуваат изолацијата. Од полицијата се уште биле во преговори со Јавното обвинителство како да постапуваат доколку некое од овие лица не биде затекнато во домот.
Извор: “Инфо Компас”