На 01.11. во Дојран се одржа големиот Меѓународен турнир во карате – “Дојран Опен”, каде учество зедоја околу 600 натпреварувачи од 35 клубови од: Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Грција и Романија.
Меѓу домашните клубови беше и прилепскиот карате клуб “Феникс”, кој беше прогласен за најуспешен клуб на турнирот со освоени 40 медали.
Прилепските каратисти се закитија со 13 златни, 10 сребрени и 17 бронзени одличја.
Честитки за сите и желби за уште поголеми успеси во иднина.
            
























