Неполна година му беше потребно на прилепчанецот Марјан Димески да формира џудо клуб во својот роден град и истовремено неговите ученици да покажат големи резултати. Џудо мајсторот кој 40 години живееше во САД, редеше историски спортски успеси и беше успешен бизнисмен, сега во пензионерски години, се’ уште е активен и посветен на џудото и се’ уште се натпреварува во ветеранска конкуренција.
Во својата спортска кариера Димески е мулти медалист во поранешна Југославија од 1973 до 1980год., додека престојува во САД е медалист на Пан Американските игри во 2004 год., два пати е шампион на САД, има титула шампион на Источен брег на Јапонија во 2005год., а како ветеран во поново време е Балкански шампион во 2024год. и шампион на Берлин Опен во 2025год.
Сите овие успеси на индивидуален план, Димески сега ги преточува во Џудо клубот Осака, каде неговите ученици во изминатите 9 месеци освоија: 4 златни, 5 сребрени и 4 бронзени медали на различни домашни и меѓународни натпревари.
Клубот функционира во објектот на КАМ маркет Точила на вториот кат, тренираат деца од 8-12 години, и она што е интересно е дека клубот не наплаќа чланарина за своите ученици. Секако донација од родителите кои се во можност е добредојдена. За жал клубот досега нема добиено финансиска поддршка од надлежните институциии – Министерството за спорт и Општина Прилеп, ниту од било која фирма. Трошоците целосно ги сноси тренерот Марјан Димески, кој не штеди за доброто на младите, а со цел да ги упати по вистинскиот пат во животот.
Тренинзите се одвиваат три пати неделно, и тоа: понеделник, среда и петок од 20:00часот. Посетете ги, или контактирјате на
тел.бр. 070 649 348.
Џудо Клуб ОСАКА е клуб на идни спортски шампиони!


































