4.000 млади спортисти од 50 држави – Најголем спортски настан досега во Македонија! Скопје домаќин на Олимпискиот фестивал за млади (ВИДЕО)

Европскиот олимписки фестивал за млади (EYOF) претставува водечки повеќеспортски настан наменет за европската младина – млади спортисти на возраст од 14 до 18 години, кои доаѓаат од вкупно 50 европски делегации.

Ова е најголемиот спортски настан кој се организира за млади и има историја долга 34 години. Олимпискиот фестивал за млади првпат бил одржан во Брисел во 1991 година, како летен спортски натпревар.

Македонија официјално го доби домаќинството за 2025 година за време на 50. Генерално собрание на Европските олимписки комитети.

Од 20 до 26 јули, Скопје ќе биде домаќин на овој голем спортски настан, каде ќе присуствуваат повеќе од 4000 спортисти и официјални лица од 50 европски делегации, а дополнително ќе учествуваат и над 700 волонтери од целиот европски континент. Фестивалот ќе опфати вкупно 15 спортски дисциплини.

Овој значаен спортски настан ќе се реализира претежно во главниот град, додека одредени спортски дисциплини ќе се одржат и во Куманово.

Повеќе информации за натпреварувањата можете да следите на веб страната: skopje2025.sporteurope.org и на социјалните мрежи: Фејсбук и Инстаграм




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.