3opaн 3aeв cилно ce бopи за татковината, ВMPO-ДПMHE одмага, велат од СДCM

Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата, реагираат од владејачката СДСМ во денешното соопштение.

Од партијата велат дека ова граѓаните го гледаат секој ден и дека ВМРО-ДПМНЕ немаат став за ниту едно важно прашање, опструираат и блокираат.

– Северна Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, стои во соопштението.

Од СДСМ потенцираат, наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé РепубликаМакедонија да не успее.

– Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција, велат од СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.