Јавноста во текот на вчерашниот ден беше згрозена, откако на профил под името Роберт Вретоски, беа објавени страшни јавни закани до кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески.
Профилот Роберт Вретоски кој на социјалните мрежи објавува слики од настани на СДСМ преку Фејсбук бара лекарот Борче Јовчевски кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп да ја повлече кандидатурата или ќе го најде својот син мртов.
“Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ке го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче.!”, пишува профилот со име Вретоски кој за политички цели ја користи семејната трагедија на докторот Борче Јовчески.
На Твитер денеска осамнаа фотографии на кои истото лице е фотографирано со актуелните градоначалници на општина Прилеп и Битола, Илија Јованоски и Наташа Петровска.
Вчера се закануваше со смрт на смејството од Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник од ВМРО … Еве го во лежерно издание со градоначалниците на СДСМ од Прилеп и Битола. pic.twitter.com/DICMFVlJp1
— Big Cojones (@BigCojones6969) September 21, 2021
На профилот Роберт Вретоски за кој МВР се уште нема излезено со соопштение дали е вистински, пишува дека лицето раководи со одредена Републичка фондација за хуманитарни цели “Здружени Срца”.
Граѓаните брутално реагираат на социјалните мрежи и бараат час поскоро од надлежните да реагираат и да го заштитат Д-р Јовчески од упатените закани.