Ново освежување доби јутјуберската сцена, со видео записот на прилепскиот јутјубер Влатко 19, кој го означи и стартот на новата учебна година со неговиот втор музички хит.
Песната е во ритам препознатлив за јутјуберската публика, во која е претставено денешното секојдневие на учениците.
Еден од најмладите јутјубери во земјава се погрижи да ни ги долови сите моменти со кои се соочуваат неговите врсници, а сето тоа пренесено во музички хит, кој веруваме дека ќе се слуша и потпевнува.
-Сакам да се забавувам и кога правам видеа, и кога стримам, кога е време за “game”, а слободното време го користам максимално за други нешта кои ме исполнуваат. Со мојот брат испеавме една ваква песничка, која е во ритам препознатлив за младите. Верувам дека на сите ќе има се допадне “ДОЛГА ГОДИНА”, која е е во тренд со ова денешно време. На сите мои врсници им посакувам среќа во новата учебна година, вели Влатко кој продолжува со неговото хоби, и ни најави уште многу вакви музички изненадувања.
Неговиот втор видео запис може да го погледнете подолу во видеото, а може и да запеете, затоа што лесно се паметат стиховите во оваа негова песна.
Неговото првенче привлече огромен интерес на социјалните мрежа, а сигурно и ова музичко дело ќе го пеат генерации и генерации.
Само напред Влатко!