Претседателот на Владата, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со странските инвестиции во Македонија, подвлече дека, само во изминатите три години, 35 нови странски фирми инвестирале во земјата.
– Во 2018 година го надминавме рекордот на странски инвестиции, со 625 милиони евра нето странски инвестиции, со девизен прилив во државата. Во 2019 година, над 300 милиони евра. Оваа година се случи корона кризата, сепак имаме 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација, на потпишување на договори или во фаза на преговори. Една е инвестицијата на Кромберт и Шуберт, со сосема нов погон, инвестиција, дуплирање на сите капацитети низ територијата на целата држава. Дополнително, нова инвестиција е Дура, поголема од 100 милиони евра, Магна во Струга, Костел со втората инвестиција во државата, и многу други странски компании, рече Заев.
-Сите овие инвестиции се поради поволната политичка клима, идните перспективи, членството во НАТО и пријателството кое е изградено. Верувам дека и дома ќе постигнеме политички консензус, соработка помеѓу власт и опозиција, помали и поголеми партии, за да можеме да очекуваме уште по поволна бизнис клима, заклучи Заев.