3aeв: Платите се видливо зголемени, може да се нaпpaви paзлика

Финансиските ефекти од владините пакет економски мерки покажуваат излез од кризата и заживување на економијата. Платите се зголемени во образованието, здравството, армијата, во приватниот сектор со субвенционирање на платите…, Не можам да кажам дека е доволно, но навистина е видливо и може да се направи разлика, изјави на вчерашната седница за пратенички прашања во Собранието премиерот Зоран Заев.

-Во 2017 имавме минимална плата 9 000 денари, сега таа е 15 200 денари и нема веќе сектори кои земаат плата под минималната како што беше пред 2017. Тоа значи зголемување од 6 000 денари или 72 000 по лице годишно кај секој работник.

Зголемувањето на платите во основното и средното образование е за 2100 денари, 3 200 во високото образование.

Просечната плата во здравството ја зголемивме за 4700 денари, а во одбраната меѓу 3000 и 6000 денари зависи од работното место, рече Заев.

Тој додаде дека социјалните работници добиваат плата поголема за 6700 денари во однос на 2015-та, за воспитувачките за скоро 5000 денари, а во земјоделството освен изедначувањето на минималната плата платите се зголемени за 4600 денари




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.