3aeв: Пpoдолжyва pacтот на пpoceчната плата, платите ќе pacтат и понатамy

Продолжува растот на просечната плата. Во април годинава таа изнесувала 28.438 денари, што е зголемување од 10,1 отсто или за 2.608 денари во споредба со април 2020, кога била 25.830 денари, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Согласно податоците од Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,0%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7%), напиша Заев.

Платите, нагласи, ќе растат и понатаму, бидејќи се грижиме за сите граѓани подеднакво!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.