Владата донесе одлука да се воведе полициcки чac. Одлуката е донесена на предлог на Koмиcиjaта за зapaзни болecти поради зголемениот број на новозаболени и xocпитализиpaни лица од Koвид – 19.
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција ја потврди оваа информација.
„Владата донесе одлука, се уште трае седницата, но на основа на записникот од главниот Кризен координативен штаб се донесе одлука за воведување на полициски час. Полицискиот час ќе започне од утре вечер 10 март се до 5 часот на 22 март. Тоа се неполни две седмици, 12 дена. Ќе го следиме целиот овој процес. Дополнително се донесени ограничувања за задолжителен домашен карантин за наши грашани коишто се враќаат од афричкиот континент“, соопшти премиерот.
Заев истакна дека деталите од другиот дел на одлуките ќе бидат соопштени на прес-конференција која ќе ја одржи портпаролот на владата.
„Стоиме целосно подготвени да се држат седници на влада и навечер и утре преку ден за да носиме соодветни одлуки доколку се јават одредени пречки.
Апелирам максимално почитување на одлуките, важен дел е дека засилени контроли од страна на МВР и инсепкциските служби. Очигледно граѓаните се опуштија. Самиот број на заразени ни алармира дека итно мора да се преземе нешто тоа го правиме веднаш, но ни треба помош од граѓаните.
Се очекува угостителските објекти – рестораните, строго да ги почитуваат мерките и за тоа се дадени посебни инструкции за позасилени контроли. Целта е, нагласи премиерот Заев, државата да продолжи економски да живее, а да ги „паркираме“ младите кои се најголеми пренесувачи на заразата, незнаејќи некогаш дека се заразени од Ковид 19, но и за стабилизирање и намалување на растот на бројките евидентен во последните денови.
Полицискиот час ќе влијае во намалување на растот на бројките“, кажа Заев.