3aeв: Ова е пocледен ден од мojoт ангажман како пpeмиep

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на „Отворен Балкан“ најави дека ова е последна негова активност како премиер на земјава.

„Сите ние сме како дома без разлика од која држава доаѓаме. Во последниот ден од мојот ангажман како премиер на РМ задоволство„ е што директно учествувам во „Отворен Балкан“. Уште на почетокот, со Вучиќ и Рама нагласивме дека ова е автентичен значаен проект, создаден за добробит на сите и отворен за сите“, изјави Заев на прес конференцијата.

Тој истакна дека поканата за приклучување на останатите земји е отворена и недвосмислена.

„Западен Балкан да стане Отворен Балкан кој носи придобивки за сите преку единствен пазар“, додаде Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.