Нашите намери се искрени и се што работиме, работиме во интерес на граѓаните, порача премиерот Зоран Заев.
Притоа, првиот човек на СДСМ додаде дека нема да дозволат опозицијата да ги закочи проектите на владејачката партија.
„Сите кочници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разбиеме затоа што сѐ што правиме е во интерес на граѓаните, затоа што сме паметни и искрени во намерите. Се обидуваат да ги закочат сите проекти, но нема да им дозволиме“, вели Заев.