Како факт дека има добрососедските односи со Србија, премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата “Пресинг” на српската телевизија “Н1”, ги посочува границите со северниот сосед кои останале отворени и покрај пандемиjaта од Koвид-19.
– И кога имаше најголем број на случаи со ковид19 нашите граници беа отворени, со исклучок кога поради појавата на британскиот сој беа затворени 20 дена. Веднаш потоа ги отворивме. Вчера имавме три автобуси од Ниш во Сити мол. Српски државјани. Тие дојдоа на шопинг поради мерките кои ги имаше во Србија, а ги нема кај нас. Носеа маски како што се протоколите кај нас. Ќе се договориме, се со цел да ги почитуваме сите аспекти за здравјето и заштитата на граѓаните и да ги пронајдеме најдобрите решенија во договор со вашата влада за да може да поминуваат српските граѓани низ РСМ и да одат кон Грција, а и ние да одиме слободно во Србија, рече вечерва Заев во интервјуто за српската телевизија Н1.
Целосното гостување на 3аев погледнете го во продолжение: