3aeв: “Cиpoмаштиja е, лyѓето не кyпувaaт, затоа викендот без ДДВ не беше ycпешен”

Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече премиерот Зоран Заев вчера, одговарајќи на новинарско прашање, зошто мерката викенд без ДДВ не беше успешен.

Како што рече тој, ќе се врати многу помала сума од планираната на сметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза граѓаните штедат пари.

-За оваа мерка ќе се вратат некаде околу 1,5 милион евра. Доколку граѓаните сакаат, може да има следен викенд без ДДВ за две или три недели, но најверојатно ќе ги алоцираме останатите средства за друга намена, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.