3aeв ce пофали: Порасна пpoceчната плата за 2,7%

Просечната плата расте во континуитет, објави премиерот Заев кој не ги споменува над 53 илјади работници кои имаат пониски плати од просекот што останаа без работа во последниве 12 месеци.

Заев дава номинална пресметка според која исплатената просечната месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесувала 28.272 денари, што е за 2,7% повисока од истиот месец лани, или зголемување од 732 денари за една година.

Според Заев согласно податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување не е причинети од бркањето на 53 илјади луѓе со помали плати туку пред сѐ, на зголемувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4%), Уметност, забава и рекреација (8,4%) и Информации и комуникации (8,3%).

“Според статистика, просечната исплатена нето-плата за јануари е највисока во секторот Информации и комуникации и изнесува 53.928 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за јануари изнесува 42.204 денари.

Владата во консултација со сите чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст и покачување на платите до 30%”, пишува Заев во објавата за јавност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.