Артан Груби ќе биде првиот вицепремиер и министер за политички систем, објави весникот Коха.
Ова ќе биде првпат првиот вицепремиер да биде од албанска партија, додека одлуките, како што се договориле коалициските партнери, ќе се носат со консензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер, пишува весникот.
Професорката и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, оваа функција на Груби ја нарече “ординарна глупост”.
ПРВ ЗАМЕНИК ПРЕМИЕР СО ПРАВО НА ВЕТО- ОРДИНАРНА, НЕПОЗНАТА, НЕУСТАВНА, НЕЗАКОНСКА, УНИКАТНА ПОЛИТИЧКА ГЛУПОСТ! Член 89 на Уставот вели: Владата ја сочинуваат ПРЕТСЕДАТЕЛ и министри. И за правни лаици и за „ учените“, јасно е дека уставот не познава функција ВИЦЕ/ЗАМЕНИК ПРЕМИЕР.
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) August 19, 2020