По грешка кажав „македонска репрезентација“ – имам 47 години се случуваат и грешки – кажа меѓудругото Зоран Заев на денешната заедничка прес конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Во продолжение целиот негов одговор на новинарско прашање:
Грција го замрзна ратификувањето на меморандуми за соработка со Македонија, поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за фудбалската репрезентација, во која не го користи уставното име на државата.
Под наслов „Гнев во Атина, замрзнуваат меморандуми со Македонија“, грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека станува збор за три меморандуми кои парламентот требало да ги ратификува идниот месец, на 10 јули, но дека сега процесот ќе биде одложен, најверојатно, за септември, а можеби и за подоцна.
Повикувајќи се на владини извори, „Катимерини“ пишува дека грчката влада не може да „замижи“ пред „двојната игра“ на „соседите“, потенцирајќи дека изминатиов период имало неколку „инциденти“ поврзани со договорот.
Во „Твитот“ од понеделникот кој ја налути грчката влада, Заев напиша дека фудбалскиот натпревар го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот, дава поддршка на „македонската фудбалска репрезентација“.