3aeв нajaви: Cтpyjaта ќе пocкапyва

Во интервјуто за Утрински брифинг, премиерот Зоран Заев се осврна на неодамнешната посета на Шпанија, каде се сретна со шпанскиот премиер.

Педро Санчез со кој што сум добар пријател ми вели, Зоран 142 милијарди добивме од рикавери планот на Европа. 45% ќе оди за енергетика, 25% дигитализација. Во пандемијата најважни теми се инвестирање се обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, заштеда на енергија и дигитализацијата. Така што и ние како останатиот дел од светот сме таму насочени. Во Грција се отвораат многу перспективи, разговараме со големи брендови. Морам да ја спомнам и нашата инвестиција во Александропули. Имаме и компании кои се присутни во финални фази на инвестиции, ги отвораме нафтоводните можности, 25% сопственици таму, сакаме да го пуштиме во употреба. Го градиме гасоводниот систем кој не отвора само перспективи за Македонија, туку стануваме главна транзитна точка, и претставува геостратегиски плус за земјава – вели Заев.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.

Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј – рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.