Централната манифестација по повод 80 години од Денот на народното востание 11-ти Октомври, и oваа година ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто” во Прилеп.
Одбележувањето на празникот започнува на 10. октомври со почеток 18 часот, со обраќање на градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, по што ќе следат обраќањето на претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945, Д-р. Никола Стојановски, како и на премиерот, Зоран Заев.
Пред присутните вечерта ќе настапи воениот оркестар на Армијата, а традиционално во 19 часот ќе биде изведен импровизиран напад на градот.
На денот на големиот празник – 11 ти октомври, понеделник, во претпладневните часови, делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, а ќе биде посетена Алејата на народните херои каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот „Жена борец“.
На Могилата на непобедените, според агендата за чествување на празникот ќе се обратат: претседателот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Прилеп, Круме Соколовски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот Стево Пендаровски.