3aeв за нoceњето мacки на отвopeно: “Bиpycoт е лебдечки, при движење го кpeваме”

Има сериозни аргументи за носењето маски на отворено, изјави вчера премиерот Зоран Заев, апелирајќи да се почитува мислењето на експертите и на институциите.

За мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести вели дека тие во најголем процент не се ништо поразлични од мерките што ги преземаат државите во светот.

-Гледате дека бројките се зголемени. Дебатата и дискусијата е отсјај на слободата и јас ја разбирам, но на крајот сепак најголема тежина има експертската дебата и одлуки. Вирусот е лебдечки, стои на површината, при движење го креваме. Сите мерки што се предложени и чекаат законска промена и мерките што се предлагаат дополнително, не се ништо поразлични од мерките што ги предлага светот. Прашањето е до каде оценуваат експертите дека импактот од нив ќе овозможи да живее економијата, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.