Премиерот Зоран Заев на Фејсбук изрази сочувство по повод смртта на принцот Филип, војвода од Единбург, кој почина денеска.
– Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург, напиша Заев на својот фејсбук-профил.
Сопругот на британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 99-годишна возраст и тоа го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.