3aeв вели дека потребни му се уште 6-7 години за да покаже peзyлтати (Видео)

Премиерот Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието откри дека му биле малку 4 години во владата за да покаже резултати, пренесува Експрес.

Тој предходно велеше дека уште во првиот мандат на СДСМ ќе бидат постигнати големи резултати а сега тврди дека поради начинот на владеење на предходната влада потребни се 10-11 години или уште 6 до 7 години за да постигне резултати во повеќе области.

Меѓу областите кои ги спомнува се правосудството, соседската политика, енергетиката, патишта…

Со оваа изјава во која ја обвинува владата што владееше до 2016 година Заев се обиде да создаде алиби за катастрофалната состојба во погоре наведените и други области каде што има многу мали или никакви резултати во последниве 5 години.

Индиректно премиерот од Собранието ни порача дека и во наредните 6 години до 2027 година граѓаните не треба очекуваат резултати од него и неговата влада.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.