3aeв се вакциниpaше со кинеската вакцина на “Cинофapм”

Премиерот ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, и истакна дека вакцините се безбедни.

Премиерот Зоран Заев денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирусот. Тој се вакцинираше со кинеската вакцина на Синофарм.

– Ја примив вакцината на „Синофарм“. Ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Вакцините се безбедни. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Нема никаков проблем при имунизација на населението -, истакна Заев.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, и истакна дека вакцините се безбедни.

Инаку, досега во Македонија се вакцинирани 74,076, а заинтересирани граѓани за вакцинација има вкупно 256,346.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.