Како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право затоа што само одморен човек, работник, па и пратеник може да биде поефикасен, изјави премиерот Зоран Заев како коментар на предлогот на Демократскиот сојуз (ДС) – пратениците и министрите во текот на јули и август да работат наместо да одат на одмор.
– Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден Парламентот заминува на одмор, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер и јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки. Како ќе одлучат тие, јас ќе го почитувам тоа. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, дециден е Заев.