3aeв објави дека Грција ја отвара гpaницата со Македониja, но на “Богородица” гужва, грчката полициja не добила такво известување

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од утре се отвора за сите граѓани на Република Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Тој посочува дека за тоа бил информиран од грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

-Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Но, иако министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев официјално изјавија дека Македонците на 14 мај конечно по година и пол ќе може да одат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација, сепак денеска на многумина кој што се одлучија да патуваат кај нашиот јужен сосед не им беше дозволен влез во државата.

Објаснувањето на грчките полиција е дека за сега се уште не добиле официјално одобрување за влез на останати патници.

На Богородица возила има, а Македонците се револтирани што чекаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.