3aeв: Многy инвecтиции ce во тек, во финализациja пpoeкти од над ocyм милиjapди евpa

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања во Виница рече дека многу инвестиции се во тек и оти во финализација се проекти во вредност од над осум милијарди евра.

– Во Владата, во Парламентот и низ институциите буквално се тркалаат во финализација проекти во вредност од над осум милијарди евра, најголем дел се приватни инвестиции, јавни и приватни партнерства, концесии и државни проекти. Дел од тие проекти веќе ги пуштаме во употреба, изјави Заев.

Во делот на инвестициите, ја спомена фабриката за обработка на отпад што треба да се гради во Неготино која ќе покрива 48 општини, потоа изградбата на ветерниот парк Богословец кој ќе снабдува повеќе од 20 илјади семејства со електрична енергија, фотоволатаичните централи, како и учеството на државата во изградба на интерконекторот во Александропулос за што во Атина беше потпишан договор меѓу Македонија и Грција.

За странските инвестиции посочи дека веќе се потпишани пет договори за инвестиции во ТИРЗ-те, а во последните четири месеци потпишани се вкупно 15 договори за странски инвестиции.

– Само странските инвестиции се повеќе од 700 милиони евра кои се потпишани или се во тек на разговори, рече Заев.

Напомена дека се инвестира и во акумулациите и во системите за надводнување.

– Во нашата земја во моментов се инвестираат 40 милиони во браната Коњско, околу 30 милиони во браната Речени, Кочанско, Равен Речица, целиот водоснабдителен систем околу Гостивар, Тетово и браната во Штип која што исто така е значајна. Тоа се сериозни акумулации коишто сите заедно вредат близу 80 до 85 милиони евра. Заедно со нив паралелно се развиваат системите за наводнување. Овие денови ќе ја пуштиме во употреба Вардарска Долина 2, проект 25 милиони евра, следуваат и останатите проекти до 101 милион евра, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.