Сакам да го споделам чувството што значи сите 30 лидери на членките на НАТО да дискутираат и да го слушаат мислењето на Зоран Заев од Македонија, зашто Бајден, Меркел и Макрон имаат по еден глас во Алијансата колку и Заев.
Ова синоќа го истакна премиерот Зоран Заев на партиската трибина на СДСМ во Валандово.
– Помала земја сме од нивните, но не слушаат, запишуваат и нашите ставови и препораки се дел од политиките на НАТО, рече Заев.