3acтpaшyвачки снимки од Гевгелиja: Oгнените jaзици голтaaт ce пpeд ceбе (Видео)

Откако попладнево изби голем пожар на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица, сега се појавија и застрашувачки видео снимки.

Од нив може да се забележи дека ситуацијата излегува од контрола и дека огнените јазици се сериозна закана за сите.

Пожарникарски екипи од Територијалната противпожарна единица Гевгелија со возила и пожарникари се на терен и се борат да се справат со огнот кој поради правецот на дување на ветерот веќе ја зафати боровата шума со интенција да се шири во правец на граничната караула на АРМ, хотелот „Фламинго“ и кон граничниот премин Богородица.

Граѓаните преку социјалните мрежи упатуваат молитви за жителите на Гевгелија, но пишуваат и дека за оваа ситуација мора да има политичка одговорност од страна на власта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.